Фудбал

Јувентус го раскина договорот со Војчех Шчесни

Јувентус го раскина договорот со Војчех Шчесни

Војчех Шчесни ќе биде слободен играч откако Јувентус реши да го раскине договорот што го имаше со искусниот полски голман.

Челниците на Јуве во изминатиот период се обидуваа да најдат купец за Полјакот, но по пропаднатиот трансфер во Ал Наср не се појави нов клуб што покажа посериозен интерес.

Јуве во меѓувреме го доведе Ди Грегорио како нов прв голман за наредната сезона, а тренерот Мота веќе стави до знаење дека Шчесни не е дел од плановите за тимот.

To top