Раководството на Јувентус експресно ја заврши целата процедура за ангажирањето на четвртото засилување за тимот на Тиаго Мота во овој преоден рок и нов член на „бјанконерите“ е Хуан Кабал.
Кабал може да игра како лев бек и како стопер и имаше одлична сезона во дресот на Верона, а до последен момент беше блиску до трансфер во Интер, кој на крајот ја загуби битката со големиот ривал од Торино. Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 32.
Јувентус ќе плати 11 милиони евра плус неколку милиони во дополнителни бонуси, што значи и голем профит за Верона, екипа која плати само 3,5 милиони евра за истиот играч пред две години.