Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ ќе мора да паузира надвор од фудбалските терени некое време откако се повреди во завршницата од мечот против Данска во шестото коло од ЛН.
Влаховиќ побара принудна замена на дуелот со Данска, а денешните медицински прегледи покажуваат дека повредата на Србинот не е тешка, но не е ниту наивна.
Според прогнозите, Влаховиќ нема да настапи во дербито против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и мечот против Астон вила во Лигата на шампиони.
Србинот оваа сезона настапи на 16 меча за „Старата дама“, а притоа постигна девет голови и една асистенција.