Манчестер Јунајтед е еден од поактивните англиски клубови на трансфер пазарот и покрај тоа што досега донесе само две засилувања.
Нови играчи на „ѓаволите“ се Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, но се очекува црвениот дрес да го облечат и преговори се водат уште со Мануел Угарте, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи. Сепак, за да се остварат тие трансфери, Јунајтед прво мора да продава, како последица на што, на трансфер листа се ставени дури седуммина фудбалери.
Слободни да си одат, ако за нив дојде добра понуда се Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Антони и Џејдон Санчо, како и Виктод Линделеф, Арон ван Бисака и Кристијан Бисака кои имаат уште една сезона од своите договори.