Фудбал

Јунајтед постави цена за продажба на Санчо

Јунајтед постави цена за продажба на Санчо

Џејдон Санчо може да добие нова можност ако дојде нов тренер, но „Би-Би-Си“ од свои извори дознава дека офанзивецот нема иднина на „Олд Трафорд“ без разлика на прашањето околу менаџерот.

Имено премиерлигашот сака да се ослободи од 24-годишниот Џејдон за кого бара 40 милиони фунти што е сума која можат да си ја дозволат доста клубови и се очекува жестока трка за неговиот потпис.

Една од опции е да продолжи во Борусија Дортмунд, се споменува и Јувентус…

To top