Фудбал

Јунајтед подготвен да го продаде Санчо

Стоун тврди дека Јунајтед сигурно ќе се обиде да го продаде Санчо, без разлика кој ќе биде нов тренер на составот.

Јунајтед подготвен да го продаде Санчо

Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со Џејдон Санчо за сума од 40 милиони фунти, тврди новинарот Сајмон Стоун од Би-би-си. 24-годишниот крилен напаѓач ја мина втората половина од минатата сезона како позајмен во Борусија Дортмунд, помагајќи им на „жолто-црните“ да стигнат до финалето на Лигата на шампионите.

Информациите говорат дека Дортмунд посакува да го задржи англискиот репрезентативец и следната сезона, но само со нова позајмица, наместо сличен траен мултимилионски трансфер. Сепак, Јунајтед бара целосна продажба за да ја искористи сумата во нивниот трансфер буџет, кој без продажба ќе биде ограничен поради финансиските правила во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед го ангажираше Санчо во јули 2021 година за 73 милиони фунти. Тој има договор за уште две години со „црвените ѓаволи“.

Стоун тврди дека Јунајтед сигурно ќе се обиде да го продаде Санчо, без разлика кој ќе биде нов тренер на составот.

To top