Фудбал

Јунајтед и Њукасл во битка Бенјамин Шешко

Јунајтед и Њукасл во битка Бенјамин Шешко

Според најновите информации на угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг од “Sky Sport”, два англиски гиганти, Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед, се во директни преговори со менаџерскиот тим на словенечкиот репрезентативец.

Двата клуба веќе ги презентирале своите проекти и финансиски понуди, а сега, одлуката е во рацете на самиот играч и неговиот тим.

Според Плетенберг, Њукасл е тимот кој притиска најсилно во моментов. По шокантната вест дека нивната најголема ѕвезда, Александер Исак, побарал трансфер, “страчките” се во очајничка потрага по негова замена и во Шешко гледаат идеално решение.

Од друга страна, интересот на Манчестер Јунајтед е малку покомплексен. Иако го сакаат играчот, многумина сметаат дека ова е само “агентска игра” за да се зголеми цената. Навивачите на социјалните мрежи се скептични, истакнувајќи дека клубот има ограничен буџет и веќе има двајца напаѓачи во тимот (Хојлунд и Циркзе).

To top