Без разлика како ќе заврши настапот на Баварците во ЛШ, Томас Тухел заминува на крајот од сезоната, а раководството на Баерн мора да најде нов тренер.
Чаби Алонсо јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Леверкузен, а приказната за Зинедин Зидан веројатно никогаш не била сериозна.
Германскиот „Скај“ носи сензационална вест, а станува збор за потенцијалното враќање на Јулијан Нагелсман по само една година на клупата на Баерн.
Изворот пишува дека Нагелсман нема ништо против да се врати, а договорот би требало да биде на три или четири години.