Фудбал

Италија без Верати и Имобиле на ЕУРО2024

Италија без Верати и Имобиле на ЕУРО2024

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го објави денеска поширокиот список на фудбалери со кои Италија ќе се обиде да ја одбрани титулата на претстојното ЕУРО 2024.

На списокот без големи изненадувања ги нема имињата на Верати и Имобиле, а Спалети од претходно знаеше дека не може да смета на Заниоло и Тонали.

Од друга страна, фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли по две години се враќа во националниот тим.

Спалети именуваше 30 фудбалери, што значи дека четворица играчи ќе мораат да отпаднат од конечниот список што сите репрезентации учеснички мораат да го поднесат до почетокот на јуни.

Италија е во групата Б заедно со Хрватска, Шпанија и Албанија.

To top