Утрешниот ден во Казахстан ќе биде историски, во натпревар од 2.коло од Лигата на шампионите гостува Реал Мадрид. Стадионот секако ќе биде полн до последно место бидејќи шампионот Каират за прв противник на домашен терен ја доби најтрофејната екипа во ова натпреварување.
Но, Каират е вистинскиот хит оваа сезона во Лигата на шампионите, бидејќи од првото квалификациско коло ги мина сите четири ривали и стигна до групната фаза.
Тренерот на домашниот тим Рафаел Уразбахтин во најавата за дуелот напомена:
– Овој натпревар е историски, не само за нас, туку за целата држава (Казахстан). Државата „застана“ и сите едвај чекаат да почне натпреварот. Мора да веруваме во себе, играме на домашен терен и мора да бидеме на врвно ниво, дека играме против Реал Мадрид.
Каират во првото коло на гостински терен загуби од Спортинг со 4:1.