Откако Рубен Аморим беше отпуштен, прашањето за долгорочно решение за менаџерската позиција повторно се отвора на „Олд Трафорд“. Англиските медиуми, вклучувајќи го и познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо, тврдат дека Оле Гунар Солскјер покажал интерес за враќање на клупата на Манчестер Јунајтед.
Солскјер првпат пристигна во клубот како привремено решение, но потоа остана 168 натпревари, што јасно покажува дека е способен брзо да го стабилизира тимот во моменти на криза. Сега се чини дека слично сценарио би можело повторно да се случи.
Според британските медиуми, ко-сопствениците на клубот од компанијата INEOS, кои ја презедоа одговорноста за спортскиот сегмент, немале јасно подготвен план откако решиле да го заменат Аморим.
Одлуката е донесена ненадејно, а тренерскиот пазар во јануари традиционално е многу ограничен.
Во таква ситуација, името на Оле Гунар Солскјер повторно се појавува како реална и достапна опција.
Дилемата останува дали станува збор за лична ПР-иницијатива на поранешната клупска легенда или за неговото враќање навистина сериозно се дискутира во канцелариите на „Олд Трафорд“.
Клубска легенда и добро познато лице
Солскјер е длабоко поврзан со Манчестер Јунајтед – како играч тој:
-освои шест титули во англиското првенство
-постигна историски гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година во легендарниот камбек против Баерн
Како менаџер, тој го водеше Јунајтед од декември 2018 до ноември 2021 година, а неговиот најголем резултат беше пласманот во финалето на Лигата на Европа.
Додека не се донесе конечна одлука, тимот ќе го води од клупата Дарен Флечер, поранешен соиграч на Солскјер и долгогодишен член на клубот.