Фудбалската репрезентација на Иран сериозно ја разгледува можноста да се повлече од Светско првенство во фудбал 2026 година.
По ескалацијата на тензиите со САД и воените операции Иранците не се сигурни дека сакаат да одиграат три натпревари на американск тло. Според информациите од земјата, политичката и безбедносната состојба станува клучен фактор во носењето одлука за настап на Мундијалот кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Неизвесноста веќе има директно влијание врз домашниот фудбал.
Про лигата на Иран, најсилното клупско натпреварување во земјата е суспендирана од денеска и тоа на неодредено време. Клубовите се ставени во мирување, а натпреварите се одложени додека трае вонредната состојба.