Фудбал интер и натаму лидер во серија а

Инзаги за ремито со Јувентус: Знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги искажаа своите впечатоци по дербито со Јувентус во 13. коло на италијанското фудбалско првенство.

Инзаги за ремито со Јувентус: Знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко

Натпреварот се одигра синоќа во Торино и заврши нерешено 1:1.

– Се подготвувавме за таков Јувентус – знаевме дека противникот ќе чека и ќе се брани многу длабоко. Денешниот натпревар беше сличен на ланскиот – тогаш загубивме, создавајќи уште повеќе шанси. Знаеме дека Јувентус добро се брани и одигравме силен натпревар против второпласираниот тим во првенството, изјави Инзаги, за „DAZN“.

Интер со 32 бода го задржа првото место на табелата во Серија А. Јувентус е втор со 30 бодови.

To top