По освоената Копа Америка, Лионел Меси стигна до својот 45. трофеј во кариерата, а по враќањето во САД доби специјален пречек од неговиот клуб.
Интер Мајами на спектакуларен начин пред натпреварот со Чикаго го честиташе трофејот на Меси со кој тој стана најтрофеен играч во историјата. Зад себе, Меси го остави Дани Алвеш кој во кариерата 44 пати се израдува на трофеј.
Интересен момент од спектаклот беа испишаните трофеи на листовите кои ги држеа дечињата наредени по години.
Inter Miami honored Leo Messi for winning the Copa América and becoming the footballer with the most titles ever.
45 trophies 🐐 pic.twitter.com/u1ff1gpZPd
— B/R Football (@brfootball) July 21, 2024