Фудбал

Интер ќе се обиде да купи фудбалер на Реал Мадрид

Интер ќе се обиде да купи фудбалер на Реал Мадрид

Нико Паз минатото лето за 6 милиони евра го напушти Реал Мадрид и се пресели во Комо, каде под водство на Сеск Фабрегас импресионира со своите партии, изминатиов викенд постигна прекрасен гол против Фиорентина во победата од 0-2.

Интер му фрли око на младиот Аргентинец и го идентификуваше како главна цел за засилување на средниот ред, односно долгорочна замена за Хенрик Мхитарјан.

Но како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, во Реал Мадрид се спокојни бидејќи имаат дури три клаузули.

„Кралевите“ можат да го вратат Нико Паз веќе по крајот на сезоната и тоа за сума од 8 милиони евра. Имаат опција да го вратат и летото во 2026 за сума од 9 милиони евра, како и опција да го вратат летото во 2027 за сума од 10 милиони евра.

To top