Интер ќе се обиде да го доведе во своите редови, Марко Асенсио. Прв пат тоа беше во 2023 година, втор во зимскиот изминат рок, а еве и сега, во моментов играчот на ПСЖ е мета на тимот од Милано.
Минатиот пат пречка беше фактот што Интер не успеа да се ослободи од Арнаутовиќ и Кореа,
Договорот на Марко Асенсио со ПСЖ е до 2026 година, што значи дека францускиот шампион нема да бара голема сума за Шпанецот, а се очекува двата клуба да се договорат за надомест од 10-12 милиони евра. Платата на Асенсио е 8 милиони евра нето, но тој ќе мора да се откаже од дел од својата плата во Интер.