Барселона денес објави за потребното време за закрепнување на Иниго Мартинез.
Одбранбениот фудбалер на каталонскиот клуб се повреди во 27. минута од натпреварот против Реал Мадрид (5:2) во Суперкупот на Шпанија, одигран викендот во Џеда.
Тој седна на тревата во кругот на центарот и по разговорот со медицинскиот персонал беше заменет.
Барселона објави дека играчот ќе пропушти околу четири недели поради повреда на тетивата.
Триесет и тригодишниот Шпанец одигра 18 натпревари во тековната сезона во Ла Лига.