Фудбал

Илкај Гундоган се повлекува од настап во националниот дрес на Германија

Илкај Гундоган се повлекува од настап во националниот дрес на Германија

Илкај Гундоган ја предводеше германската фудбалска репрезентација на овогодинешното Европско првенство во таа земја, што се покажа како негов проштален турнир во дресот на „панцирите“, откако објави дека повеќе не е дел од националниот тим.

-По неколку недели размислување, донесов одлука дека е време да ја завршам мојата меѓународна кариера. Со голема гордост се навраќам наназад на 82 натпревари за мојата земја, бројка што никогаш не можев да ја замислам кога дебитирав за сениорската репрезентација во 2011. Мојот врв очигледно беше што успеав да ја предводам екипата како капитен на ЕП“, стои во објавата на сега веќе поранешниот капитен на „панцирите“, кој ја разочара нацијата со своите настапи на ЕУРО 2024.

На 82 натпревари за Германија, поранешниот ас на Манчестер Сити постигна 19 голови.

To top