Легендарниот Златан Ибрахимовиќ од оваа сезона ја има улогата на советник во италијанскиот Милан и ќе се обиде да ја истурка идејата нов тренер на овој клуб да биде Марк ван Бомел, пишува денеска „Газета дело Спорт“.
Поранешниот холандски репрезентативец моментално работи како шеф на стручниот штаб во белгиски Антверпен, а Ибра во него гледа идеална замена за Стефано Пиоли, кој на лето по пет сезони ќе ја напушти клупата на тимот од „Сан Сиро“.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел беа играчи во Милан од јануари 2011 до јуни 2012 година, а тогаш воспоставија одличен контакт и веќе разговарале за доаѓањето на Холанѓанецот.
Ван Бомел во својата кариера самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентацијата на Австралија и Саудиска Арабија, додека како играч покрај за Милан настапуваше и за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона и Баерн.
Раководството на Милан размислува за уште неколку кандидати, а тоа се Пауло Фонсека, Хулен Лопетеги и Кристофер Галтие, чие има дојде до израз во последните неколку дена.