Селекцијата на Данска под водство на селекторот Каспер Хјулманд заврпи без ниту една победа на четири натппревари на ЕП и се враќа дома, со пласман од 9. до 16. место. По поразот во Дортмунд од Германија со 2-0, данскиот селектор рече:
„Во последните години докажавме дека сме многу блиску до најсилните репрезентации. Но, ако сакаме победи во тие натпревари, мора да креираме повеќе шанси. Соработуваме со клубовите да изградиме подобри фудбалери и наша цел е да се судриме со големите светски репрезентации. Сакаме да бидеме на местото на кое што беа Хрватите долги години. Што се однесува до натпреварот, не можам да сфатам како ни е поништен гол за водство заради офсајд од еден милиметар. Разговараме на семинарите и за природната позиција на раката и не можам да разберам што е игра со рака, а што не е. Ова беше природна позиција и по мене не беше за пенал.