Мексиканскиот фудбалски стратег Хавиер Агире (65) трет пат во кариерата ќе го презеде селекторското место на оваа земја,
Агире ќе ја води мексиканската репрезентација на Светското првенство до 2026 година, кое Мексико заедно ќе го организира со САД и Канада, а по Светското првенство репрезентацијата ќе ја преземе Рафаел Маркез, кој дотогаш ќе биде помошник селектор.
„Хавиер има силни резултати, со искуство и неоспорно лидерство во водењето на тимот, додека Рафа има голема умешност во развивање таленти“, се вели во соопштението на Мексиканската фудбалска федерација (ФМФ).