Фудбал

Хаос на тренингот на Португалија, навивачите втрчаа на теренот (ВИДЕО)

Хаос на тренингот на Португалија, навивачите втрчаа на теренот (ВИДЕО)

Португалците решија да имаат тренинг пред полни трибини што се покажа како не многу добра идеја.

Фактот дека Кристијано Роналдо беше на теренит предизвика еуфорија кај фановите, па неколкумина од нив во ист момент втрчаа на теренот.

Луѓето од обезбедувањето имаа многу работа да ги задржат сите оние кои се најдоа на теренот, а на припомош им дојде и голманот Хосе Са, кој успеа да спречи еден од навивачите.

Тренингот кој го следеа околу 8.000 навивачи подоцна продолжи, а навивачиет кои втрчаа на теренот беа уапсени од полицијата и тие тешко дека ќе може да влезат на трибините на некои од стадионите до крајот на ЕП.

To top