Фудбал

Ханси Флик се договори со Барселона

Ханси Флик се договори со Барселона

Барселона постигнала договор со германскиот стратег Ханс Дитер Флик.

Според информациите Барселона и Флик се договориле за двегодишен договор со можност за продолжување.

Се тврди дека германскиот стручњак со својата визија го убедил раководството на Барселона дека е соодветен кандидат за оваа функција. Самиот Флик би сакал да спроведе долгорочен проект.

Флик претходно беше на чело на Баерн Минхен и на германската репрезентација.

To top