Во Барселона се подготвува мини-реконструкција ова лето, а одлуката на Ханси Флик и спортскиот директор Деко е тројца фудбалери да бидат ставени на трансфер-листа.
Се работи за Алехандро Балде, Жил Кунде и изненадувачки за Дани Олмо.
Манчестер јунајтед за неговите услуги нуди неверојатни 100 милиони евра, а од Каталонија се подготвени да ја прифатат оваа понуда.
Ова се пари кои и тоа како ѝ се потребни на Барселона, а Лапорта нема намера да одбие ваква богата понуда иако се работи за фудбалер кој игра во врвна форма и ја мина академијата на клубот.
Сепак, последниот збор ќе го има самиот фудбалер, кој треба да одлучи дали ќе остане на „Камп ноу“ или ќе се пресели во Премиер лигата.