Новиот тренер на Барселона Ханси Флик го пречкртал Иниго Мартинез, кој не е ни пријавен за Ла Лига, а по само една година би можел да го напушти клубот без обештетување.
Искусниот стопер минатото лето пристигна како слободен играч, имаше проблеми со повредите и не играше многу. Флик го отпиша и Клемен Ленгле.
Покрај Мартинез и Ленгле, се очекува да биде пречкртан и младиот напаѓач Витор Роке, чиј број 19 наредната сезона ќе го носи Ламин Јамал. Роке ќе оди на на позајмица, иако не е исклучена продажба.