Фудбал

Ханси Флик израмни рекорд на Пеп Гвардиола на клупата на Барселона

Ханси Флик израмни рекорд на Пеп Гвардиола на клупата на Барселона

Тренерот на БарселонаХанси Флик, постигна значаен успех израмнувајќи го клупскиот рекорд на Пеп Гвардиола за најдолга серија на последователни домашни победи во Ла Лига.

Каталонскиот гигант го совлада Рајо Ваљекано со 1:0 во натпревар од 29. коло во шпанското првенство.

Со оваа победа, Барселона ја продолжи својата домашна победничка серија во Ла Лига на импресивни 15 натпревари по ред.

Со овој резултат, Ханси Флик го израмни рекордот меѓу тренерите на Барселона во 21 век, кој беше поставен од Пеп Гвардиола во сезоната 2010/11.

Тогаш, во еден од најуспешните периоди во историјата на клубот, тимот на Гвардиола доминираше на својот стадион, остварувајќи ист број последователни домашни победи.

To top