Германскиот стратег на кормилот на Барселона Ханси Флик беше избран за најдобар тренер во месец август и сосема заслужено го доби ова признание од Ла Лига, кое сигурно ќе биде дополнителна мотивација да се продолжи во ист ритам и во месец септември.
Тренерот на Барселона ја добил битката со Марселино Гарсија Торал од Вилјареал и Луис Гарсија од Алавес.
Ханси Флик со неговиот тим запиша четири победи на првите четири првенствени дуели во Ла Лига.