Фудбал Во преговори

Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата

Се истакнува дека „Граѓаните“ се многу уверени дека Халанд ќе потпише нов договор со клубот.

Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата

Манчестер сити е во преговори за продолжување на договорот со напаѓачот Ерлинг Халанд.

Според „Мирор“ раководството на Манчестер сити е подготвено да му понудат на 24-годишниот фудбалер двегодишен договор со плата од 500 илјади фунти неделно. Доколку Норвежанецот се согласи да го потпише договорот, тој ќе стане најплатениот фудбалер во Премиер лигата, пред соиграчот Кевин Де Брујне, кој моментално заработува 400.000 фунти неделно.

Се истакнува дека „Граѓаните“ се многу уверени дека Халанд ќе потпише нов договор со клубот.

Норвешкиот фудбалер игра за англискиот тим од 2022 година. Вкупно одигра 114 натпревари на кои постигна 105 голови и 14 асистенции. Неговиот договор со Манчестер сити е до јуни 2027 година. (МИА)

To top