Манчестер Сити утре го пречекува Брентфорд во рамките на четвртото коло на Премиер лигата, а сосема очекувано, во комбинација за настап кај домаќините нема да биде Нејтан Аке.
Холандскиот дефанзивец беше изнесен на носилка за време на дуелот меѓу неговата репрезентација и Германија во Лигата на нации, па беше јасно дека го очекува принудна пауза, а за истата денеска зборувал и менаџерот Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак потврдил дека Аке нема да се врати во тимот пред следната интернационална пауза.
– Навистина немаме среќа со Аке и неговите настапи за националниот тим.
– Секогаш кога ќе отиде да настапува за репрезентацијата, се враќа повреден, – рекол Гвардиола.
Според прогнозата на менаџерот, Аке ќе пропушти најмалку седум натпревари за Сити во различни натпреварувања.