Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Сити приредија вистински спектакл за фудбалските фанови на првиот натпревар (3:3) во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па сега сите со нетрпение го чекаат реваншот.
По враќањето во Англија, Пеп Гвардиола, тренерот на „граѓаните“, во разговор за медиумите го издвои фудбалерот на противникот Реал, Родриго, кој беше стрелец на еден од головите.
-За мене тој е најдобар, тој е ѕвезда од 200 милиони, прави се добро…, изјави Гвардиола.
Покрај Родриго, шпанскиот тренер пофали уште еден играч на Реал – Тони Крос.
-О, тој Тони Крос. Ја носи играта на Реал на начин на кој само тој може. Одигра фантастичен натпревар, изјави Гвардиола, а потоа продолжи: „Веќе по една минута натпреварот изгледаше како цела вечност. Беше тешко. Добро се справивме што двапати водевме и не победивме. Имам премногу добро мислење за Реал за да мислам дека ќе дојдеме и ќе одиграме лесен натпревар. Ќе се обидеме се да решиме дома“.