Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека не е негова одлука да си замине белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне.
– Одлуката да се разделиме со Де Брујне дојде од клубот. Ова беше заедничка позиција – моја, Тики Бегиристајн и управата. Ова е реалноста. Клубот мора да се развива понатаму. Ќе биде тешко да се повтори неговиот придонес, но треба да бараме нови квалитети. Да видиме како тимот ќе ја заврши сезоната. Тој е единствениот на кој договорот му завршува. Манчестер Сити му даде се на Кевин, но и тој ни даде се од себе. Овие години ќе останат во меморијата – не можат да се избришат, изјави Гвардиола за „City Xtra“.
Де Брујне дојде во Манчестер сити во летото 2015 година од Волфсбург за 76 милиони евра. Оттогаш, тој со тимот освои 18 трофеи.