Фудбал

Гвардиола: Ни со пиштол не може да се запре Халанд

Гвардиола: Ни со пиштол не може да се запре Халанд

Стартот во премиер лигата е во знакот на норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд. Норвежанецот во првите три кола постигна седум гола, а на последните два натпревари забележа два хет-трика.

Халанд во Манчестер сити има нестварна статистика, на 102 натпревари има постигнато 97 гола и има 14 асистенции.

Тренерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола вели дека нема играч кој може да го запре во овој момент, дури ни со пиштол.

„Последниот гол или првиот кога Бернардо му ја додаде топката… Тој е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол. Тоа е невозможно. Тој е премногу моќен”, изјави Гвардиола по победата во Лондон, над Вест Хем (1:3).

To top