Повредата на норвешкиот фудбалски репрезентативец Ерлинг Халанд не е од сериозен карактер и најверојатно напаѓачот ќе биде надвор од стројот само во следните десетина дена.
Супер-ѕвездата на „граѓаните“ се пожали на болка во зглобот на пријателскиот натпревар со Фарските Острови и сите стравуваа дека ја обновил повредата што ја доживеа пред две недели, но лекарите смируваат и велат дека Халанд ќе одмора на квалификацискиот дуел со Шкотска, но мнаскоро ќе се врати во целосен тренажен процес.