Пеп Гвардиола е незадоволен од овие изјави и смета дека клубот мора да добие шанса да го докаже спротивното, пред да биде „осуден“ и казнет од надлежните институции.
„Чеферин нѐ осуди пред да имаме шанса да се одбраниме. Тој е адвокат по професија, па веројатно знае дека постои нешто што се вика „презумција на невиност“. И ние имаме адвокати кои работат на случајот. Ќе се обидеме да докажеме дека не сме виновни, а доколку тоа се потврди, ќе побараме извинување од Чеферин и од сите останати лица во УЕФА.
Прелесно е да се нападне некој и да се оцрни неговиот имиџ, но што правиме ако нивните наводи не се точни? Кој ќе ни ја надомести штетата? Мислам дека некогаш УЕФА многу сака да покаже „сила и правда“, а често пати гледаме дека нивните ставови се неиздржани. Се надевам дека и нашиот клуб ќе излезе од оваа ситуација како победник“, изјави Гвардиола.