Антоан Гризман изјави дека Атлетико Мадрид ќе биде неговиот последен клуб во Европа.
– Би сакал да го продолжам договорот и да ја завршам европската фаза во кариерата во Атлетико. Знам дека клубот е подготвен да вложи напор. Ќе разговараме за тоа. По Европа би сакал да бидам во американската МЛС, секогаш сум го велел тоа. Но, речиси 100% е веројатно дека Атлетико ќе биде мојот последен клуб во Европа. Сакам да бидам тука. Ова е местото каде што се чувствувам најсреќен. Овде сум како дома, изјави 32-годишниот Французин.
Гризман има 16 гола на 24 настапи за Атлетико оваа сезона.