Поранешниот тренер на Челси и Брајтон, Грем Потер е спремен да се врати на тренерската работа во Премиер Лигата.
Евертон наводно подготвува отказ за Шон Дајч и Потер според информациите бил расположен да го наследи.
„Карамелите“ со Шон Дајч лошо ја започнаа сезоната и во овој момент се на делба на последното место со Вулвс, двете екипи имаат пет постигнати и 14 примени погодоци.
Во следното коло Евертон игра дома против Палас и големи се шансите со евентуален неуспех во овој натпревар да заврши и ангажманот на Дајч на „Гудисон Парк“.