Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува меч против Ирска кој ќе биде од пријателски карактер, но селекторот Гоце Седлоски може да остане без повеќе опции.
Клубовите од Европа овие дуели ги гледаат како безпотребни, па веќе испраќаат до ФФМ дописи за играчите да се вратат во клубовите назад, со цел да имаат подобра подготовка за обврските кои им следат.
Еден од играчите кои се побараа назад во клубовите е Бојан Миовски. Ренџерс побара напаѓачот да се врати во Шкотска порано од предвиденото и да биде ослободен од репрезентативните обврски.
Федерацијата одговорила позитивно на барањето, Миовски се враќа во Ренџерс во текот на утрешниот ден.