Легендарниот холивудски актер Расел Кроу го коментираше поразот на Италија од Босна и Херцеговина на својот профил на мрежата X и се прашуваше како можело да се случи тоа.
-Темна зора за Италија. Денот откако не успеаја да се квалификуваат. Повторно. Како е ова можно со толку многу талент? Жал ми е за нацијата“, напиша актерот на X.
Un’alba buia per l’Italia. Il giorno dopo la mancata qualificazione. Di nuovo.
Com’è possibile con così tanto talento? Mi sento male per conto della nazione.
🇮🇹❤️— Russell Crowe (@russellcrowe) April 1, 2026
Интересно е што австралискиот актер постојано зборува за својата љубов кон градот Рим, а особено кон фудбалскиот клуб Лацио. Тој ја нарече „љубов на прв поглед“.
Кога станува збор за италијанската фудбалска репрезентација, ова е трет пат по ред да останат без место на Светското првенство во фудбал.
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ја победи Италија во финалето на плејофот по изведување на пенали. Во регуларните 90 минути од натпреварот, резултатот беше 1:1, а головите ги постигнаа Моиз Кин за Италија и Харис Табаковиќ за Босна и Херцеговина. Овој резултат остана во продолжението, односно во дополнителните 30 минути од натпреварот.
По продолженијата, започна изведувањето на пенали, во кое селекцијата на Босна и Херцеговина беше поуспешна со резултат од 4:1, а решавачкиот гол го постигна Есмир Бајрактаревиќ.