Германскиот производител на спортска опрема „ЈАКО“ официјално објави дека ја продолжува соработката со македонската фудбалска федерација и овој спонзор и натаму ќе биде испишан на дресовите на нашите репрезентации.
Германскиот бренд и во иднина ќе продолжи да ги произведува дресовите и опремата за нашите национални селекции, а новата соработка е со важност до 2025 година.
Од „ЈАКО“ го изразија своето задоволство од продолжувањето на соработката и посакаа уште многу успеси на нашите репрезентации. Истиот спонзор беше на дресовите на сениорскиот тим за време на премиерниот настап на Европските првенства, кога Македонија за првпат во 2021 година се претстави на големата фудбалска сцена.