Поранешниот селектор на Англија Герет Саутгејт ќе ја извршува функцијата технички надгледувач во УЕФА, со задача со своите соработници да ги анализира натпреварите од тренерска перспектива и со тоа да помогне УЕФА да ги согледа новите трендови во модерниот фудбал и да ги подобри условите за развој на тренерите и нивна едукација.
По секој меч што ќе им биде даден како задача, Саутгејт и соработниците ќе имаат обврска со помош на видеоматеријали и статистички податоци да достават комплетна анализа и да ја претстават истата кај претпоставените во УЕФА.
Герет Саутгејт еднаш веќе ја извршуваше оваа задача за УЕФА, на последното финале од Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.