Фудбал

Георги Мамардашвили останува уште една сезона во Валенсија

Георги Мамардашвили останува уште една сезона во Валенсија

Ливерпул и голманот Алисон Бекер се договорија Бразилецот да остане на „Енфилд“ оваа сезона во Премиер лигата, а од следното лето сигурно е дека ќе биде заменет со Георги Мамардашвили.

Англискиот трофеен клуб е блиску до договор со Валенсија за откуп на грузискиот репрезентативец за 30 милиони евра, со одредба тој да остане во редовите на „лилјаците“ до крајот на сезоната.

Мамардашвили се покажа како одлична инвестиција за Валенсија бидејќи пред две и пол години го купија од Динамо Тбилиси за само 850.000 евра.

To top