Фудбал

Гарсија: Резултатот е реален, доста грешевме

Гарсија: Резултатот е реален, доста грешевме

На средбата со новинарите зборуваше селекторот на белгиската екипа Руди Гарсија кој го изјави следното:

„На десет минути до крајот, требаше да го затвориме натпреварот. Сепак, немаше време за да се вратиме по израмнувањето. Не одигравме добар натпревар, знаевме дека Македонија е селекција која казнува грешки, па така беше на теренот. Имаа неколку шанси, двапати погодија статива. Резултатот како што заврши е заслужен и реален за двете селекции. Направивме доста грешки, а сега ни останува да играме што подобро во следните натпревари. Кога често грешиме, противниците го казнуваат тоа, така беше и вечерва. Мора да бидеме посигурни во дефанзивата и играчите да имаат поголе

Периодов е специфичен, за три дена пак треба да играме, а за среќа имам избор на многу фудбалери. Промените ни овозможија да ја вратиме сигурноста на средината од теренот и да ја контролираме играта“.

To top