Бразилскиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед Касемиро наскоро би можел да си замине и да се пресели во турски Галатасарај.
Галатасарај откако го доведе напаѓачот Виктор Осимен на позајмица од Наполи, сака да привлече уште познати фудбалски имиња и го побара Касемиро на позајмица, а желбата може и ќе им се исполни, доколку Црвените ѓаволи го договорат Адриен Рабио кој уште е слободен играч и нема клуб.