Фудбал

Галатасарај е во трка за ангажман на Лионел Меси

Галатасарај е во трка за ангажман на Лионел Меси

Турскиот фудбалски клуб Галатасарај повторно воспостави контакт со Лионел Меси, со јасни услови Аргентинецот да игра само 12 домашни натпревари во Истанбул, без да патува.

Турскиот великан ги реактивираше преговорите со Лионел Меси и ја тестираат можноста за посебен проект што би траел четири месеци.

Разговорите се во тек и напредуваат со брзо темпо, со акцент на прецизно дефинирање на условите на потенцијалниот договор.

Меси постави јасна рамка: тој не сака да патува на гостински натпревари и би бил подготвен да игра исклучиво на 12-те домашни натпревари што се играат во Истанбул. Овие услови се основа на тековните разговори меѓу двете страни.

Идејата на Галатасарај е краткорочен договор што би му овозможил на Аргентинецот да го одржи својот натпреварувачки ритам без дополнителен физички напор, додека клубот би добил историско засилување за клучен дел од сезоната.

To top