Фудбал

Гакпо останува во Ливерпул

Гакпо останува во Ливерпул

Ливерпул го осигура едно од своите клучни имиња и за иднинатa, откако денес Коди Гакпо официјално потпиша нов долгогодишен договор со клубот.

Холандскиот напаѓач, кој во јануари 2023 година пристигна на Енфилд од ПСВ Ајндховен, веќе две и пол години е дел од “црвеното” семејство, а со новиот потпис ја потврди својата верност кон тимот.

Од доаѓањето во Ливерпул, 26-годишникот одигра 131 натпревар, постигна 42 голови и запиша 16 асистенции.

Во својата колекција веќе има титула во Премиер лигата и трофеј од Карабао купот, а на репрезентативно ниво брои 40 настапи за Холандија.

 

To top