Фудбал

Фудбалската репрезентација на Германија има нов капитен

Фудбалската репрезентација на Германија има нов капитен

По пензионирањето на Илкај Гундоган од репрезентативниот фудбал, односно завршувањето на тој дел од кариерата на неговиот заменик Мануел Нојер, селекторот на германската репрезентација мораше да избере нов капитен на теренот, а тоа е Џошуа Кимих, додека негови заменици се Антонио Рудигер и Каи Хаверц.

„Капитенот е претставник на тимот на теренот и тој што комуницира со другите во нивно име. Мислам дека најдовме одлично решение со овие тројца играчи. Мислам дека добро ќе ја завршат својата улога”, објасни младиот стратег на клупата за „панцерите“.

To top