Фудбалерите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд в сабота ги очекува финалето во Лигата на шампионите кое ќе се игра на „Вембли“.
Пред овој натпревар еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид во средниот ред, Уругваецот Федерико Валверде даде едно лудо ветување.
Валверде пред навивачите вети дека ако „кралевите“ станат европски шампион, ќе ја офарба косата во бело.
„Ако успееме да ја освоиме Лигата на шампионите ви ветувам дека ќе ја офарабам косата во бело“, изјави Валверде.
Финалето во најелитното европско натпреварување на програмата е в сабота од 21:00 часот.