Фудбалерот на Баерн Минхен, Саша Бој ќе отсуствува неколку недели поради повреда на менискусот на левото колено, соопшти најтрофејниот клуб во Бундеслигата.
Играчот ја заработил повредата за време на тренинг во неделата и веќе успешно минал низ операција, потврдија од раководството на Баерн.
Бој беше дел од почетниот состав на Баерн во два од трите натпревари од Бундеслигата оваа сезона, вклучувајќи ја и убедливата победа со 6-1 над Холштајн Кил.