На местото на повредениот Милитао на теренот влезе Раул Асенсио, 21-годишниот дефанзивец за кого ова беше деби успеа и да асистира при голот на Белингем. Тој се смета за еден од најталентираните фудбалери во школата на Реал, меѓутоа во Шпанија е познат и по работи надвор од теренот.
Асенсио е еден од четворицата млади фудбалери на Реал Мадрид кои минатата година беа обвинети за ширење детска порнографија.
Наводно, тие снимале секс со малолетнички без нивна дозвола поради што полицијата во Шпанија ги уапси. На овој момент потсети новинарот Фонси Лоаиза.
„Неговото име е Раул Асенсио и тој е еден од фудбалерите од подмладокот на Реал Мадрид кој е под истрага за ширење на секс снимки со малолетничка. Сега дебитираше за првиот тим. Една од жртвите чувствува дека поминаа неказнето и дека клубот ги штити. Медиумите молчат“, пишува Лоаиза.