Со чартер лет до Цирих и веднаш потоа автобуски превоз до Вадуц, македонската фудбалска репрезентација ја започна мисијата со која ги започна квалификациите за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексикк.
Гостувањето во Лихтенштајн е половина од обврските на крајот од овој месец и убава можност за почеток на квалификациската група со победа.
Селекцијата на Милевски за Вадуц отпатува без повредените Ашковски, Ристовски и Ќамили и дополнително повикан е Тошевски. Нашите фудбалери утрово тренираа во Скопје, а официјалниот тренинг во Вадуц е закажан за утре од 15:00 часот. Претходно пред новинарите ќе се обратат селекторот Милевски и капитенот Барди.
Натпреварот Лихтенштајн – Македонија се игра в сабота од 15:00 часот на стадионот „Рајн парк стадиум“ во Вадуц.